09Купете малку чадена сланина дури и ако е малку помрсничка затоа што само едно парче нема да ви наштети, ама затоа добро ќе ви го зачини ручекот.
Пропржете ја и послужете ја со тазе слатко од домашни рибизли…ако имате, ако не…можете да си купите и свеж ананас.
Шампињоните пак нека бидат поголеми и свежи. Наполнете ги со малку данско сино сирење, завиткајте ги во фолија и за само 5-6 минути имате готов ручек.
Секако, ви треба и непшто сосема свежо, па ако сте биле вредни и сте си засадиле домати во градината или пак во саксија, наберете си едно, направете салата, зачинете ја и ставете неколку ливчиња свеж босилек.
Трпезата е кралска!