Како да направите совршени домашни њоки?

Иако е најлесно да се купат, сосема е поинаку кога ќе ги направите сами. Не се плашете да пробате бидејќи после првиот обид, повеќе никогаш нема да купувате готови њоки.

0
682

09Њоките се прилог со кој не можете да згрешите, особено ако за нив подготвите и вкусен и ароматичен сос.

Приготвувањето њоки е вештина која вреди да се научи затоа што направени дома се далеку повкусни и поквалитетни од купечките. А верувајте, станува збор за само неколку состојки и малку труд.

Ако сакате да го привлечете вниманието на децата, можете и да го обоите со помош на природни бои, како што е на пример, правот од цвекло или мелен спанаќ  и да ги зачините со мускатно оревче.

Состојки:

1,4 кг брашнест компир

500 г остро брашно

2 јајца

Сол

Приготвување:

Измијте ги компирите и ставете ги во голем сад со ладна вода. Сварете ги, исцедете ги и почекајте малку да се оладат, а потоа излупете ги.

Изрендајте ги компирите, додадете ги јајцата и солта и постепено додавајте го брашното. Месете со раце додека не се добие компактна смеса.

Расукајте го тестото во долгнавеста форма со широчина до 2 цм и исечете ги њоките па ако сакате и притиснете ја секоја со вилушка за да го добијат препознатливиот изглед. Набрашнете ги и оставете ги малку да се одморат, а потоа сварете ги во зовриена солена вода и извадете ги кога ќе испливаат на површината.

Исцедете ги, потопете ги во ладна вода и повторно исцедете ги. Намрсете ги со прстите и распоредете ги по сува површина. Межете да ги послужите веднаш или внимателно да ги преместите во пластични кесички и да ги замрнете.