„Секако, не велам дека пицата е најздравиот оброк, но е многу подобра за појадок отколку житарките“, нагласува д-р Челси Ејмер.
Содржи протеини
Во пицата има сирење, а со самото тоа и протеини кои наутро му се неопходни на организмот. Затоа, ако изедете парче пица до 10 часот наутро – тоа не е само вкусен, туку и корисен оброк. Во овој случај, телото е заситено и нема да ви биде потребен уште еден оброк до ручекот.
Масти наместо шеќер
Парче пица содржи повеќе масти и многу помалку шеќери од повеќето производи кои се препорачуваат за појадок.
Јаглени хидрати
Пицата содржи протеини, масти, а истовремено и јагленихидрати – и тоа е многу избалансиран појадок! Главната работа е да не претерате со пицата. Доволно е само едно парче.
„Исто така, треба да се обрне внимание и на составот на производот“, вели нутриционистот.
Ќе бидете изненадени со фактот дека во просек едно парче пица содржи ист број калории како и порција житарки и млеко. Меѓутоа, во млекото и житарките нема протеини, нема масти, нема зеленчук.