Состојки:
4 филети лосос
2 лажици маслиново масло
сол, црн пипер
сок од 1 лимета
1/4 шолја босилек
1/4 шолја магдонос
Сос
8 исчистени и исечкани сливи
2 ситно сечкани чешниња лук
1/2 лажица рендан ѓумбир
1 лажица мед
1/4 шолјичка исечкан кромид
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200°C.
На тепсија за печење ставете хартија за печење
Измешајте ги солта, црниот пипер, маслиновото масло, магдоносот и босилекот
Со смесата премачкајте го лососот и печете го околу 15 минути
Сите состојки за сосот ставете ги во лонец и варете околу 20 минути
Со миксер мешајте ја смесата додека не стане компактна и послужете со лососот.