Можеби на некого ќе му се крене коса на глава само што ќе го види зборот „боранија“, па уште и во комбинација со овошје и со лук и босилек, ама на некого можеби и ќе му се допадне.
Како и да е, ви советуваме барем да ѝ дадете шанса…здрава е, лесна е, и верувајте…навистина е вкусна!
Состојки:
Млада боранија
Лук, сол, црн пипер
Свеж босилек
Овошје по избор (ние ставивме кајсии и круши)
Маслиново масло
Јаболков оцет
Приготвување:
Исчистете ја боранијата и сварете ја кратко, исцедете ја и оставете ја да се олади.
Потоа зачинете ја, додадете многу ситно исечкан лук и овошје по ваш избор.
Ставете ливчиња свеж босилек и уживајте во лесниот летен ручек со најубави бои.