Тиквичките му припаѓаат на видот Cucurbitaceae, а во ботаничка смисла се сметаат за овошје. Но во кујните ширум светот, како и кај нас, најчесто се подготвуваат како и останатите зеленчуци. Ги карактеризира долгнавест облик и зелена кора заради што многу наликуваат на краставици. Нивниот плод е богат со хранливи материи па би требало често да ги имаме на менито.
- Го поттикнуваат варењето
Во стотина грама тиквички се наоѓа 1 грам прехранбени влакна заради што им се препорачуваат на оние кои страдаат од запек. Не замо што заситува и го поттикнува варењето, туку и ги чисти цревата од токсините.
- Помагаат при слабеење
Тиквичките се диетална намирница затоа што повеќе од 90 отсто од плодот се вода. Затоа не е чудо што во стотина грама има само 16 калории. Најдобро е многу кратко да се пропржат на маслиново масло или на некое друго здраво масло сами или во комбинација со други летни зеленчуци.
- Го снижува крвниот притисок
Тиквичките се одличен извор на витамини B и Ц, како и на калиум кој ја регулира работата на срцето и го снижува крвниот притисок, па ги спречува болестите на крвожилниот систем. Имајте на ум дека повеќето нутриенти се наоѓаат во кората па немојте да ги лупите плодовите.
- Го забрзуваат зацелувањето на рани
Тиквиците имаат и значајни количини манган кој е клучен за производство на аминокиселината пролин која го поттикнува создавањето на колаген во кожата правејќи ја поздрава, но и го забрзува процесот на зацелување на раните на кожата.
- Чувари на простатата
Тиквицата може да се нарече и вистинска машка намирница. Манганот во тиквиците поволно делува на зголемување на либидото, додека фитонутриентите ги намалуваат симптомите на зголемена простата која им го отежнува мокрењето на мажите, a понекогаш и сексуалните односи.