Состојки:
1 кг тиквички
200 г кашкавал
2 лажици презли
2 лажици маслиново масло
Копар
Лук
Сол, црн пипер
1 јајце.
Приготвување:
Исчистете ги тиквичките и изрендајте ги на крупно. Посолете ги и оставете ги да се исцедат.
Скршете едно јајце, додадете презли и зачини.
Додадете го и кашкавалот кој претходно ќе го изрендате. Измешајте!
Во соодветна тепсија ставете маслиново масло и истурете ја смесата, па повторно ставете маслиново масло.
Печете на 200 степени и пред послужување поросете со свеж копар и лук.