Генијален рецепт за похувано пилешко – без похување

Можеби звучи неверојатно, но сочно пилешко можете да направите и со печење во рерна.

0
614

За да добиете крцкаво пилешко без многу мака и нездраво пржење, потребни ви се само пет состојки.

Најважен дел од подготовката е одлежувањето на пилешкото во солена ладна вода неколку часа. Посолете ја водата, додадете мраз и ставете го месото внатре. Ова ќе му помогне да остане сочно.

Состојки:

3 лажици сол

8 парчиња пилешки крилца, батаци или карабатаци

2 лажици путер

Пола шолјичка брашно

Црн пипер

Приготвување:

Наутро ставете го месото во солената ладна вода и оставете го во фрижидер.

Кога ќе дојде време за ручек, вклучете ја рерната на 200 степени. Извадете го пилешкото од водата и исушете го со салфети.

Намрсете јa тавата со путер, а пилешкото извалкајте го во брашно.

Задолжително протресете го секое парче и ставете го во тепсијата. Кожичката свртете ја надолу и печете околу 40 минути.

Не ги вртете парчињата додека не добие убава боја од едната страна. Потоа свртете ги и печете уште 20 минути.

Послужете поросено со свежо мелен црн пипер.