Оваа храна ја подготвувате на погрешен начин!

0
472

Постојано се зборува за здрави намирници и за тоа кои бенефити за нашето здравје ги има нивното консумирање. Но, не е доволно намирниците да се здрави!

Имено, методите на готвење, комбинирањето на вкусовите, па дури и нашата цревна флора можат да влијаат на вашата полза од одредени намирници.

Затоа бидете сигурни дека ја подготвувате храната на правилен начин или пак треба да го смените начинот на готвење за да го добиете она најдоброто и најздравото од намирниците.

Моркови

Следниот пат кога ќе правите јадење со моркови и ќе ги исечкате, сетете се дека така го уништувате сето она што е добро во нив. Морковот со поголема површина испушта повеќе хранливи материи, што значи дека после миењето и чистењето, треба да го ставите во вода целиот морков, а се препорачува и да го оставите наполу сиров.

Чај

Ако сакате висока апсорпција на хранливите материи од чајот, не ги следете Британците и не додавајте млеко. На тој начин се одземаат некои од кардиоваскуларните погодности кои ги дава чајот, а ако не можете да пиете чај без додатоци, додадете природни сладила и лимон кој ќе ја зголеми биорасположивостa на хранливите материи во напитокот.

Лук

Лукот немојте да го сечете, туку з дробете го. Здробениот лук оставете го барем десет минути пред употреба затоа што така ги ослободувате ензимите  кои помагаат да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести такашто ги прават тромбоцитите помалку лепливи па тие полесно се движат низ кардиоваскуларниот систем.

Прелив за салата

Немасен прелив можеби изгледа како добра идеја за слабеење, но можеби и не е најдобро решение. Кога на својот зеленчук ќе му додадете здрави масти, на крајот ќе добиете повеќе хранливи материи од вашата салата, особено лутеин, ликопен, бета-каротен и зеаксантин.

Јаболки и круши

Дозволете плодот малку да созрее затоа што на тој начин дозволувате разградба на хлорофилот во зреењето на јаболките и крушите, кои за возврат произведуваат повеќе високо активни антиоксиданси во плодот.

Брокула

Без сомнение брокулата е една од најдобрите намирници за превенција на одредени видови на рак на дојка и кожа, а начинот на приготвување се разликува ширум светот. Веќе се знае дека пржењето е најлош начин на готвење, а парењето е најдобра метода затоа што во целост ги чува здравите компоненти на брокулата кои се борат против ракот. Освен тоа, додавањето на пикантна храна во брокулата ја зголемува нејзината способност во борбата против ракот.