Дали сте слушнале за шеќерот со нула калории?

Шеќер без калории! Звучи нереално, нели? Но, во последно време сѐ повеќе се зборува за еритрит - eritritol или, шеќерот без калории.

0
429

Гликемискиот индекс на еритритот за кој се зборува во последно време е еднаков на нула, а тоа значи дека не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Заради тоа, погоден е за дијабетичари, но и за сите оние кои внимаваат на линијата. Освен тоа, овој природен шеќер не го поттикнува развојот на кариес.

Што е еритрит?

Станува збор за природен шеќерен алкохол кој го добиваме со ферментација на шеќерот од пченката. Овој шеќер се разградува уште во тенкото црево, а тоа значи дека лесно се вари.

Споредба со обичниот шеќер

Искусно око од прва ќе препознае дека не станува збор за обичен бел шеќер. Зрнцата на еритритот, за разлика од шеќерот, се поправилно обликувани и имаат по малку стаклеста структура.

Слаткоста на еритритот е 60 до 89% во однос на обичниот шеќер. Со вкусот не се разликува премногу од белиот шеќер, особено ако го користите како зачин за приготвување на храна. Истражувањата покажале дека нема канцерогени својства.

Еритритот има статус кој е генерално препознаен како безбеден (GRAS) од страна на ФДА, па во поголеми количини го користат во дел од земјите во ЕУ, во Јапонија, Мексико и Канада.

Овој природен шеќер во периодот на привикнување, може да ги забрза процесите на варење на храната, а кај почувствителните лица и кај децата може да предизвика прилив. Се препорачува период на привикнување од 2 до 3 недели.

Приготвување на храна со еритрит

Еритритот поднесува температура до 160°C. На таа температура не ја губи блажината, па затоа е идеален за варење и за приготвување на помалку калорични слатки. Меѓутоа, не може да се користи за печење на леб со квасец и не може да се карамелизира.

Со еритрит можете да си го заблажите кафето, чајот, слатките и безгрижно да уживате во некалорични деликатеси.