Во зависност од тоа колку сакате да добиете, ставајте ги и состојките. Ако сакате повеќе, зголемете ја дозата на кексите или овесните снегулки.
Не мора да имате баш се што пишува во состојките, туку употребете го тоа што го имате. Важно е да не ставате воопшто шеќер, туку суво овошје и малку мед.
Состојки:
200 г мелени кекси
200 мелени овесни снегулки
сечкани урми
сечкани суви смокви
суво грозје
200 г кокосово брашно
100 г растопен путер
100 г растопено кокосово масло
2 лажици какао
малку рум
100 мл млеко
И уште малку кокос и какао за валкање
лешници
вишни од вишновка
Приготвување:
Прелијте го сувото овошје со малку рум да го впие.
Смелете ги снегулките и кексите и измешајте ги заедно со растопениот путер и кокосово масло, па додадете ги сите останати состојки.
Ако е премногу суво, додадете уште малку кокосово масло или млеко.
Обликувајте ги и во средината ставете лешник или вишна. Извалкајте ги во кокосово брашно или во какао.