Замрзнато или свежо овошје и чиа семки се сѐ што ви треба за освежителен овошен мармалад кој се прави без варење.
Одличен е во сирови десерти со крем сирење и парченца овошје. Испробајте го и со пудинг од ванила, палачинки или намачкан на леб за појадок.
Ефектен десерт можете да направите и од гранола, јогурт и мармалад редејќи ги во слоеви во стаклени проѕирни чаши, а за украс додадете неколку ливчиња нане или босилек. Ако не ви е доволно слатко, помешајте малку мед, јаворов или сируп од агава.
За побрза варијанта измешајте овошје (јаболки, круши, малини, јагоди или боровници). Ако имате повеќе време можете претходно малку да го проварите (5 до 10 минути), но овој чекор не е нужен.
На две шолји исечкано овошје додадете 1-2 лажици сок од лимон и исто толку мед или јаворов сируп.
Додадете и 2 лажици чиа семе, а ако овошјето пушти многу сок, можете и повеќе. Ако сакате да го забрзате процесот на приготвување, добро е да знаете дека семето побрзо ќе набабри ако претходно го натопите во топол лимонов или овошен сок па дури тогаш додадете го на останатите состојки.
Мармаладот можете да го чувате во фрижидер околу две недели.