Во последно време многу се зборува за силиконските калапи. Многу се користат, но сѐ
уште има дилеми дали тие се здрави и безбедни за готвење.
Силиконските калапи кои се користат за обликување на намирниците на база на тесто се користат за да се избегне тестото да загори или да се залепи на садот. Вообичаено, секој технички новитет прво се дочекува со воодушевување (како тефлонот, на пример), а потоа почнуваат сомнежите дали е токсичен, канцероген итн.
Бидете спокојни – засега нема веродостојни докази дека силиконските калапи се опасни за човековото здравје.