Направете веганско песто од јаткасти плодови и семки

Уште еден добар рецепт за веганско песто кое се прави брзо и лесно од едноставни состојки, па е навистина чудно кога ќе се види цената на купечкото. Затоа, подгответе си чисти теглички и одвојте 15 минути од вашето време

0
308

Ова веганско песто кое, се разбира, во основата повторно има зеленило (најубаво е со босилек), има посебен вкус и поинаков шмек поради јаткастите плодови и семките кои ги додавате по ваш избор.

Можете да си го додадете во тестенините и ќе добиете вкусен и брз ручек.

Состојки:

70-80 г бразилски ореви

50 г семки од сончоглед и тиква

1 згмечено чешне лук (можете да ставите и повеќе)

½ лажичка сол

¼ лажичка црн пипер

Сок од пола лимон

50 г свеж босилек

5 лажици маслиново масло

Приготвување:

Прво, ставете ги оревите и семките во блендер со оној дел кој служи и за мелење на кафе. Смелете ги, а потоа заедно со останатите состојки ставете ги во обичен блендер се додека не се добие песто кое ќе го префрлите во стаклена тегличка и ќе го чувате во фрижидер (може да стои во фрижидер 7 дена).