За овие животинки познато е дека живеат во предели каде има дрва со кафе, на кои се качуваат и ги јадат зрелите плодови, а потоа од нивниот измет се прави ова луксузно кафе.
Тие ги голтаат целите плодови, со сите семки кафе, кои при поминување низ нивниот дигестивен тракт, претрпуваат одредени хемиски процеси и ферментираат.
Во стомакот на циветите, желудочните сокови отстрануваат дел од кофеинот и протеините, кои инаку му даваат горчлив вкус на кафето, по што преку изметот исфрлаат обработени зрна на кафе. Откако добро ќе се исчистат и исушат на сонце, зрната се пржат како и секое друго кафе. Оние кои го пробале велат дека има вкус на чоколадо и карамела.
Но, приказната за копи лувак кафето не е така бајковита како што била претходно и каква што треба да биде. За поголема заработувачка на гладните профитери, како и за развој на овој вид на туризам, овој вид на животни страдаат во сурови услови.
„Во денешно време, многу мал дел од кафето Копи лувак потекнува од диви цивети. Повеќето од нив се заробени во фарми и се чуваат во кафези со лоши услови, со цел да се произведат големи количини на ферментирани зрна кафе.
– Методите на заловување предизвикуваат неопислива болка, страв и страдање кај овие животинки. Тие се заловуваат со помош на стапици, но и ловџиски кучиња.
– Откако ќе се заробат, циветите или се продаваат на сопственици на таквите фарми, или се продаваат на пазарот за диви животни.
– На фармите, циветите се ставаат да живеат во мали кафези кои најчесто се премногу осветлени и служат воедно и за нивно изложување при посета на туристи. Храната им е ограничена и тие се принудени да јадат само зрна кафе со цел да го максимизираат профитот на сопствениците, предизвикувајќи непроценливо страдање на овие мали диви животинки.