Симптомите на пролетниот замор претставуваат реакција, односно прилагодување на организмот на новите временски услови – повисока температура и подолги денови. Доаѓањето на пролетта кај многумина предизвикува тегоби како замор, поспаност, малаксаност главоболка, тешки нозе …
Недостатокот на витамини како последица од едноличната зимска исхрана, престојот во затворени простории и намалената физичка активност во текот на зимскиот период предизвикуваат натрупување на штетни материи во организмот кои дополнително ја влошуваат состојбата.
Пролетта е идеално време за чистење на организмот, а изборот на методот зависи од здравствената состојба на секој поединец. Лесна детоксикација на организмот со внесување на свежо овошје и зеленчук, зголемо внесување течности, како и престој во природа и физичка активност може да ги олеснат наведените тегоби.
Се препорачуваат сезонски намирници, но и самоникнати билки како коприва и глуварче од кои можат да се подготват многу вкусни јадења. Покрај тоа, чаевите од овие две билки се одлични за чистење на црниот дроб и на крвта.
Освен овие мали измени во секојдневната рутина ви предлагаме и една едноставна но многу ефикасна метода. Станува збор за стара ајурведска метода за чистење на организмот кое се одвива преку слузницата на устата. Се што ви е потребно е лажица квалитетно ладно цедено масло. Можете да користите сончогледово или масло од сусам или кокос.
Се што треба да направите е веднаш по будењето да земете лажица од едно од наведените масла и да го гаргарате во устата 15-20 минути. Со поминувањето низ плунковите жлезди за време на гаргарата, организмот се ослободувате од патогените организми, токсини вишок на киселини и соли. Во текот на гаргарата, маслото ја менува својата вискозност, станува се потечно и побело. На крајот задолжително треба да се исплука, а устата и забите добро да се измијат. На овој налин се олеснува и се забрзува процесот на чистење на организмот.
За време на гаргарата сите шест литри крв протекуваат низ плунковите жлезди со што интензивно се пречистува крвта. Оваа метода делува и локално затоа што ги белее забите, го запира крварењето на непцата и помага при парадентоза. Се препорачува ова да се применува најмалку две недели.