Вегетаријанско да е, од батат да е!

0
551

Пирето од компири е омилен прилог за многу јадења. Ако ви здодеа класичниот рецепт, употребете батат и дајте му нова длабочина на вкусот на стариот фаворит.

Состојки:

4-5 слатки компири

2 лажици стопен путер

50 мл павлака за готвење

3 чешниња лук
1 лажичка сол

1 лажичка црн пипер

Приготвување:

Ставете ги компирите да се варат во тенџере со солена вода и на умерена температура. Варете додека компирот не омекне. За ова ќе ви требаат околу 15-20 минути.

Излупете ги компирите и исцедете го вишокот вода. Направете пире.

Вратете ги компирите во тенџерето, помешајте ги со стопениот путер, павлаката за готвење и згмечениот лук. Зачинете.

Во видеото подолу погледнете 4 интересни рецепти во кои главна улога има токму бататот.

4 creative ways to use sweet potatoes!FULL RECIPE: https://bzfd.it/2pDi8o9

Posted by Tasty Vegetarian on недела, 25 Март 2018