Дали препечениот леб е подобар за вашиот стомак?

Препечен леб на тостер со малку путер и шарена сол, можеби и малку растопен кашкавал...тоа е вистински рај во вашата чинија, нели? Само мирисот што се чувствува е доволен да ви го разубави утрото

0
2149

Само мирисот на препечен леб и стопен путер е доволен да го почнете денот со убаво чувство. Освен тоа, повеќето од нас сме слушнале дека препечен леб е добар за нашите црева. Но дали е навистина така?

Пред сѐ, препеченото лепче е полесно за варење отколку обично парче леб. Скробот што се наоѓа во лебот содржи одредени молекули кои кога лебот се пече, се менуваат. Променетите молекули го прават лебот полесен за варење. Значи, тостот е полесно да се свари отколку непечениот леб.

Сепак, иако ова „лесно се вари“ звучи прилично здраво, тоа не е навистина толку добро за вашите црева. Стомакот и цревата на повеќето луѓе им функционираат многу подобро ако треба да работат малку потешко, бидејќи ова предизвикува подобро варење и движења на дебелото црево.

Исто така, јадењето храна која е лесна за варење, прави повторно да се чувствувате гладни многу порано, па затоа се полни за пократок временски период. Ако се одлучите за парче препечен леб, најдобро е да земете леб од цели зрна. Вашите црева ќе имаат потешка работа и ќе се чувствувате сити подолго.

И не го печете лебот премногу долго. Колку повеќе го поцрнувате лебот кога го печете, толку повеќе акриламид содржи, што може да предизвика рак.