Состојки:
180 г темно чоколадо
180 г путер
4 јајца
150 г шеќер
65 г брашно
1 лажичка чили
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад ставете вода да зоврие, а над него ставете помал сад во кој ќе ги ставите путерот, чоколадото и чилито додека не се растопат.
Тргнете го садот од ринглата и постепено додавајте брашно и шеќер полека мешајќи. На крајот кога смесата е малку оладена додадете ги јајцата.
Намрсете ги калапите за мафини и подеднакво расподелете ја смесата. Ставете ги колачите да се печат, а по 14 минути извадете ги и оставете да се оладат 10 минути. Потоа полека извадете ги од калапите.
Послужете ги топли и не ги загревајте дополнително за да добиете ефект на лава.