Како да сварите совршено јајце?

Колку долго треба да се варат јајцата за да не биде жолчката премногу тврда или премногу мека?

0
1247

Жолчка што се рони, белка како од гума. Тоа се само некои од проблемите со кои се соочуваме кога вариме јајца. Никако да го погодиме вистинското време кога треба да се извади јајцето од зоврената вода и да биде токму такво какво што најмногу го сакаме.

Наједноставното варење на јајца има свои законитости затоа што и мало невнимание ќе резултира со преварување на јајцата.

Трикови за совршено варени јајца.

Внимавајте на пукнатините во лушпата. И најмала пукнатина ќе предизвика излевање на белките. Не ги варете јајцата веднаш по вадењето од фрижидер. Најдобро е да ги извадите барем десет минути пред варењето за да се загреат на собна температура и така ќе го избегнете пукањето на лушпата.

Започнете го варењето во ладна вода. Иако многумина ги ставаат јајцата во вода дури кога таа ќе зоврие, всушност, треба да ги ставите во ладна вода. Ако го ставите јајцето директно во зовриена вода, белката ќе стане како гума.

Наглото загревање може да предизвика пукање на лушпата. Додадете лажичка сол. Во допир со сол и сода бикарбона белката се стврднува, а тоа ќе ги затвори евентуалните дупчиња на лушпата и ќе го спречи истекувањето на белката.

Избегнете го преварувањето. Понекогаш тврдо варените јајца имаат зелена обвивка околу жолчката. Тоа се случува заради реакцијата на сулфурот од белката и железото од жолчката до кои доаѓа кога јајцата се варат предолго или на премногу висока температура. За да го избегнете тоа, варете ги јајцата на послаба температура и не подолго од 12 минути.