Цвеклото е најдобар пријател на црниот дроб

Ослободете се од токсини и исчистете го организмот со помош на овие корени кои се достапни во текот на целата година.

0
865

Сите знаеме дека е цвеклото здраво, а најчесто го препорачуваат за обновување на крвта. Цвеклото може да се јаде свежо, како сок и како салата.

Детоксикацијата на црниот дроб значи дека клетките на црниот дроб се регенерираат што е и тоа како потребно поради влијанието на сите штетни материи кои делуваат на него. Свежото цвекло се смета за еден од најдобрите чистачи на црниот дроб.

Одлично го чисти црниот дроб, го јакне имунолошкиот систем, ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата и го алкализира целото тело.

Со термичка обработка се губат витамините и доаѓа до распаѓање на антиоксидативните компоненти, носители на пигментот. Цвеклото изобилува со минерали, а најбројни се калиумот, натриумот и калциумот, и се разбира, железото, бакарот и цинкот. Од витамините што ги содржи важно е да се споменат витамините Ц, Б1, Б2 и ниацин. Исто така тоа е богато со фолна кислеина па е одличен додаток во исхраната за трудниците. Во цвеклото има и влакна, особено важни за варењето и за процесот на слабеење.

Стручњаците се сложуваат дека за детоксикација на црниот дроб е добро цвеклото да се помеша со некое друго овошје или зеленчук кое само ќе го засили неговото дејство.

За салата, свежиот корен добро исчистете го и измијте го и зачинете го со јаболков оцет или со сок од лимон. По желба додадете малку сол и прелијте со маслиново масло.

За сок од цвекло и моркови, ви требаат:

1 помал морков

1 помало цвекло

½ портокал

1 лажица сок од лимон

Сите состојки ставете ги во блендер и добро измешајте. По желба додадете мраз и веднаш консумирајте го.