Дали црното семе е навистина лек за сѐ, па дури и за рак?

0
2706

Најраните списи кадешто се споменува билката Nigella sativa, односно нејзиното семе, се од стариот Египет. Најдено е во гробницата на Тутанкамон уште пред околу 3.300 години. Во арапската култура е нарекувано благословено семе. Интересно е тоа што исламскиот пророк Мухамед рекол за црното семе дека е лек за сите болести освен за смртта. А познатиот грчки лекар Хипократ го користел за лекување на оние кои имале пореметување во метаболизмот и варењето. И традиционалната кинеска медицина повеќе од илјада години го препорачува за многу болести. Почнувајќи од дијабетес, преку пореметувања во варењето, па сѐ до рак.

Благодарение на биолошките испитувања, многу негови дејствија биле потврдени кај луѓе кои боледувале од одредени болести.

Во многу западноевропски земји се направени повеќе студии и истражувања кои докажуваат дека маслото Nigela Sativa е природна материја со богата прехранбена вредност, минерали, амино киселини, со голема способност за поддржување на системот за имунитет, како и за лекување на многу болести. Современите научни истражувања потврдија дека црното семе е златен рудник на здравје. Според денешните сознанија, црното семе може да излекува и фатални болести, како што се ракот и сидата.

Сто отсто чистото ладно цедено масло од црно семе го зајакнува имунолошкиот систем, ја прочистува крвта и го штити телото од сите видови болести. Го зајакнува имунитетот, помага во намалување на стресот од секојдневните обврски, делува аналгетски, антибактериски, противвоспалително и антивирусно, помага при крварење, помага при габични инфекции на раце, нозе и нокти, ја зајакнува косата и не дозволува предвремено опаѓање, ниту пак белеење, го регулира нивото на гликоза, триглицериди и сперматозоиди, го намалува високиот крвен притисок, ги заштитува бубрезите и црниот дроб.

Овие неколку фармацевтски дејства се само дел од многубројните придобивки на црното семе. Добри резултати покажува и кај следните состојби:

Дијабетес тип 2: 2 грама црно семе на ден го намалува шеќерот во крвта, го зајакнува инсулинот, ја зголемува функцијата на бета-клетките и го намалува хемоглобинот.

Хеликобактер Пилори: Црното семе го спречува актвирањето на оваа бактерија за која нема лек. Тие што веќе ја имале знаат дека секогаш ќе се соочуваат со неа, но со помош на црниот сусам ќе заборават дека постои во нивниот организам.

Епилепсија: Познато е дека црното семе има антиконвулзивно дејство. Една студија во 2007 година извршена врз епилептични деца, чијашто терапија се базирала на лекови, покажала дека црното семе помешано во вода помага при намалување на нападите.

Висок крвен притисок: Дневната консумација на 100-200 мг црно семе во рок од два месеца, ќе резултира со намален крвен притисок, кај луѓето со хипертензија.

Астма: Една од главните состојки на црното семе – тимокинон – има големо антиастматично дејство на дишните патишта. Доволно е само секојдневно да се консумира црно семе во зовриена вода.

Канцер на дебелото црево: Истражувањата покажаа дека маслото од црното семе има значителна улога во намалувањето на растот на канцерот на дебелото црево.

Освен за здравјето, црното семе се употребува и како еликсир за убавина.

Црното семе можете да го најдете на пазар или во билна аптека, а ладно цедено масло од црно семе има во продавниците или во одделите за здрава храна во поголемите маркети.