Црниот ориз со својот состав и начинот на подготвување потсетува на арапските десерти богати со шеќер и со зашеќерено овошје. Начинот на подготвување се разликува од семејство до семејство па ова е само еден од начините за негово подготвување. Количината е голема па ако подготвувате десерт само за четиричлено семејство, преполовете ја количината на наведените намирници. Состојките можат да варираат и се лесно достапни, а резултатот е десерт со вкуден и раскошен изглед.
Состојки:
500 г ориз
1-1,5 л млеко
300 г шеќер
200 г чисто горчливо какао во прав
100 г црно чоколадо скршено на парчиња
200 г груби исечкани и излупени бадеми
100 г кандирано овошје (ситно исечкано)
Кора од 1 портокал
Цимет во прав
2 лажички ванилин шеќер
Прстофат сол
По желба за поросување:
Шеќерни трошки, кандирано овошје или препечени ливчиња бадеми.
Приготвување:
Оризот измијте го и ставете го да се вари во млекото, заедно со прстофат сол, шеќер и ванилин шеќер.
Кога е оризот речиси сварен, ал денте, полека, со постојано мешање додавајте го какаото и ситно изренданата кора од портокал.
Оризот не смее да се превари, ниту да се залепи за дното од садот. Ако е потребно, додадете малку врела вода (ако е оризот недоволно сварен, а смесата станала премногу густа.
Тргнете го од оган и додадете ги веднаш грубо исчеканите бадеми или почекајтесмесата малку да се олади, потоа додадете ги парченцата чоколадо.
Ставете ја смесата во садови за послужување и поросете со препржени ливчиња бадмеи, со кандирано овошје или шеќерни трошки и малку цимет во прав.
Напомена:
Количината на шеќер можете да ја намалите или зголемите според вкусот. Дел од млекото можете да го замените со вода.