Состојки:
500 г брашно
3 цели јајца
2 жолчки
2,5 дцл млеко
4 големи лажици шеќер
Ванилин шеќер
Рендана кора од 1 лимон
120 г путер
Прстофат сол
1 прашок за пециво
1 квасец
За премачкување:
жолчка и шеќер
Приготвување:
Растопете го путерот и оставете го да се излади. Млекото загрејте го и додадете му мала лажичка брашно и шеќер и здробете го квасецот па оставете на топло да нарасне.
Во еден сад измешајте ги сувите состојки: брашното и прашокот за пециво. Одделно изматете ги јајцата и жолчките со шеќерот и додадете ја ренданата кора од лимон и ванилиниот шеќер. Додадете ги сувите состојки и добро измепајте па додадете го и квасецот и растопениот путер, Замесете додека не добиете мазно тесто.
Премесете го убаво и оставете го на топло, покриено со крпа додека не стане двојно поголемо, а потоа повторно премесете го и поделете го на два дела. Од едниот дел можете да направите обична погача (пинца), а другиот дел употребете го за да направите велигденска плетенка.
Откако ќе ги обликувате оставете ги да нараснат уште еден час а потоа премачкајте ги со жолчка и со шеќер и печете ги во загреана рерна околу 30 минути.