Ако се плашите дека нема да можете да направите добри њоки затоа што никогаш досега не сте правеле, треба да знаете дека за тоа не мора да сте никаков мајстор.
За њоки треба да користите компири со висок процент на скроб, и никако не млади компири. Скробот е битен затоа што пирето од компири ќе содржи помалку вода, па нема да има потреба да се додава многу брашно, а со самото тоа и њоките ќе бидат повкусни.
Компирите измиени и неизлупени ставете ги во ладна вода и варете ги додека не омекнат доволно за да може да ги боцнете со вилушка. Потоа исцедете ги добро од водата и излупете ги.
Ставете на работната маса брашно (на пола кг компири обично одат 120 грама брашно). На брашното додадете го пирето од компири, едно добро изматено јајце и сол. Замесете го тетсото набрзина и не долго за да не стане гумено. Понекогаш е потребно да се додаде уште брашно, но не повеќе од 150 грама на пола кг компири. Ако е тестото и натаму лепливо можете да додадете и една лажичка скробно брашно. Тестото се расукува така за да добиете парчиња од 2 цм. Секое парченце од исечената страна се притиска со запците на вилушката така да од едната страна останува дупче од палец, а од другата страна се карактеристичните набори (како на фотографијата).
Оставете ги отстојат 20-30 минути за да се просуши површината на њоките за да го зачуваат својот облик во текот на варењето. Ако се варат веднаш може да се залепат, но и ако чекате подолго од 30 минути, доаѓа до создавање цврста кора што исто така не е добро.
Њоките се варат во голем лонец без мешање, а готови се кога ќе испливаат на површината. Пазете да не го преполните тенџерето наеднаш. Ако не сакате веднаш да ги готвите , можете и да ги замрзнете.