Состојки:
1 кг компири
5 лажици путер
1 црвен кромид
3 чешниња лук
1 лажица зрнест сенф
400 мл кисела павлака
75 г рендан кашкавал
½ лажичка мускатно оревче
Сол и црн пипер
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 190 степени, a огноотпорниот сад во кој планирате да ги печете компирите, намрсте го со една лажица путер.
- Во едно поголемо тенџере растопете ги преостанатите 4 лажици путер на умерена температура. Додадете исечкан кромид и динстајте го 4-5 минути додека не стане проѕирен. Потоа додадете го лукот и динстајте уште 1 минута.
- Додадете сенф и павлака и почекајте сосот да зоврие. Додадете ги исчистените компири исечени на тенки парчиња и динстајте ги 4-5 минути. Зачинете со сол, црн пипер и мускатно оревче.
- Префрлете ги компирите во садот за печење и прелијте ги со сосот, а одозгора рамномерно распоредете го ренданиот кашкавал во еден слој и печете ги околу 25-30 минути.