Забрзајте го метаболизмот со помош на овие три едноставни напитоци

0
735
Кефир со зачини
За овој напиток во малку кефир додадете 1 лажиќка цимет, лажица мед и малку рендан ѓумбир. Помешајте ги сите состојки и напитокот е подготвен. Кефирот е одличен за варење, промовира активна работа на желудникот и елиминирање на токсините. Се препорачува два пати дневно – наутро на празен желудник и навечер пред спиење.

 

Јаболки со цимет

Вториот напиток за забрзување на метаболизмот се подготвува од јаболки кои се богати со влакна. За да го подготвите напитокот, исечкајте го јаболкото на тенки делови и прелијте го со 300 мл вода. Потоа додадете 10 лажици мелен цимет кој е познат по своите корисни функции – го забрзува метаболизмот и помага за согорување на мастите. Состојките треба да отстојат два часа на ладно место пред консумирање. Пијте го пред спиење.

Меден напиток

Медот е еден од најефикасните производи кои го забрзува метаболизмот, ја промовира регенерацијата на ткивото и има антиинфламаторни и антимикробни ефекти. Медот и циметот се одлична двојка за губење на тежината и совршено се дополнуваат.

Земете пола лажичка мелен цимет и разматете го во чаша вода. Кога водата со циметот ќе проврие, покријте ја и оставете ја на половина час. Додадете една лажичка мед и одново измешајте. Пијте го овој напиток 2 пати дневно – на празен желудник и навечер.