Брз ручек: Фалафел во тортилји, печен зеленчук и сос

Ова едноставно јадење се подготвува за само 15 минути

0
379

Иако фалафелот спаѓа во категоријата фаст фуд, верувајте, ваквата варијанта не е ниту близу до ваквиот вид на храна. Станува збор за пржени ќофтенца од мелени леблебии кои се многу вкусни, а најчесто се послужуваат во тортилја и со сос. Ова е рецептот на Џејми Оливер за фалафел во тортилји со зеленчук и сос кој е готов за 15 минути.

Состојки:

За фалафел:

400 г грав

400 г наут

1 лимон

1 лажица чили сос

1 лажица брашно

1 китка магдонос

1 лажица маслиново масло

Кора од лимон

Сол, црн пипер

Додатоци:

8 тортилји

1 лажица чили сос

1 зелена пиперка

1 црвена пиперка

4млади кромитчиња

250 г г урда

кисела зелка

За сосот:

1 чили пиперче

1 рака домати

1 чешне лук

1 лимета

Приготвување:

Исцедете ги гравот и наутот, ставете ги во блендер, додадете им рендана кора од лимон, малку сол и црн пипер,  чили сос, брашно, магдонос. Се убаво измешајте и поделете ја смесата на 8 ќофтенца и испржете ги на 1 лажица масло од двeте страни.

Исчистете ги пиперките и исечкајте ги па ставете ги во тава со исчистеното и исечкано младо кромитче, малку сол и црн пипер, Пропржете се заедно.

Доматите и чилито ставете ги во блендер, па додадете ги лукот и сокот од лимета, измешајте, зачинете и ставете во некој сад.

Измешајте ја урдата со црвениот пипер.

Тортилјите потпечете ги на рингла врз фолија.

Печениот зеленчук прелијте го со сок од пола лимон.

Секој нека си ја полни сам својата тортилја и по желбва послужете ги со кисела зелка.