Мајка и син во Бруклин киселат сѐ, освен краставички

0
381

Кисели краставички, пиперки, зелје, па и домати, на сите овие вкусови сме навикнати, но не и на закиселена брокула, репка, прокељ, сѐ, освен краставички.

Мајката и синот Рејчел и Ејб Шамах почнале заеднички бизнис со производство на кисел зеленчук.

Искористиле стар семеен рецепт со разни билки и зачини, малку лук, оригано и пиперче за да создадат единствени производи, кои не содржат шеќер, глутен, соја, млечни производи и пченица. Сите производи се природни, вегански и без конзерванси па се прават рачно и се продаваат во стаклени тегли по 3, 6 или 12 парчиња.

Тие нудат: Shpickles, Shmolives, Shnuts, HotShauce, Shauerkraut, Shbarbecue, Shdressing, Shketchup, Shpreads, Shweets, Shmustard.

Shmolives го создал Ејб во текот на своето школување за готвач, кога осмислил единствен рецепт за мешавина на маслинки со многу малку солена вода. Така, со одредени зачински билки и сушени зачини, успеал да добие маслинки полни со вкус кој не стануваат меки и со нив станал познат како крал на маслинките.

Иако производите се продаваат и преку Амазон, не е лошо некој да почне да ги прави и кај нас…Впрочем, и не е некоја филозофија – сите знаеме како се прави кисела туршија.