10 правила за поздрава исхрана до кои можете да се придржувате

Здравиот режим на исхрана не мора да биде комплициран – овие едноставни правила со малку труд ќе станат дел од вашата рутина!

0
756

Не е тајна дека делото кое добро изгледа нужно подразбира и здрава и избалансирана исхрана. Она што е овде клучно да се запомни е дека не треба да се ориентираме само кон диетална храна која ќе ни ја истенчи половината, туку и на храна која му е навистина потребна на нашиот организам.

Зборуваме за промислена диета која вклучува цела низа витамини, минерали, белковини и добри маснотии.

Добра вест е што таквиот режим не е недостижен – можете да го постигнете ако се придржувате кон овие 10 проверени и едноставни совети. Наш совет?

За почеток одберете неколку од нив и обидете се постепено да ги имплементирате.

Не заборавајте на чиа семките

Овие семки ни се добро познати и можете да ги додавате во своите сокови или во смути, без страв дека ќе влијае негативно на вкусот. Баш секоја семка е богата со влакна, што е пресудно за добро функционирање на нашиот систем за варење.

Спанаќот и кељот се ваши сојузници

Станува збор за зеленчуци исклучително богати со антиоксиданси, како и со калциум и магнезиум, кои им помагаат на нашите коски да останат цврсти и силни. Не ги сакате? Додадете ги барем во своето омилено смути, би можеле да ве изненадат.

Намалете го внесот на белковини од месото

Бидејќи повеќето меса имаат значителна количина заситени маснотии и холестерол, понекогаш е добро белковините да се внесат на поинаков начин. На пример, наместо телешко месо, во својот ручек додадете тофу или мешунки.

Зеленчукот нека ви биде половина од оброкот

Ако се уште не консумирате доволна количина зеленчук, крајно време е да го смените тоа. Барем на пола од чинијата нека се најдат еден или повеќе видови на зеленчук, како прокељ, кељ, спанаќ, морков или брокула.

Јадете храна која ви го јакне имунитетот

Како што веќе рековме, често сме премногу сконцентрирани на консумирање диетална храна, а забораваме да ја консумираме онаа која ни помага да останеме здрави. Помеѓу останатите, тоа се намирниците како риба, лук, јогурт и чиа и ленено семе.

Редовно посетувајте ги пазарите

Дури и ако не ви се многу блиску, таму се уште можете да најдете најсвежи и најоргански намирници. Секако, денеска е тешко да се биде сигурен во потеклото на било кое овошје или зеленчук, но сепак, ако некаде има шанси да се најдат, тоа е на пазарските тезги.

Исфрлете ја конзервираната храна

Ова е совет кој им е познат на многумина, но сепак не се придржуваат кон него, и тоа, главно од практични причини. Освен од конзервирана храна, ослободете се и од готовите зачини и сосови. Наместо тоа, направете си свои, користејќи намирници како лимонот, ѓумбирот и куркумата.

Јадете горчлива храна

На пример, руколата може да ја стимулира работата на ензимите за варење, а и да го спречи синдромот на иритабилно црево.

Јадете овошје и зеленчук со поголем процент на вода

Ако не пиете доволно вода во текот на денот, елегантно решение би можело да биде да почнете да консумирате поголеми количини овошје и зеленчук кој во поголем процент се состои од вода. Такви намирници се лубеницата, јагодите, зелената салата, тиквичките и свежите краставици.

Редовно празнете го својот фрижидер

Ослободете се од сите оние замрзнати готови јадења или слатки кои непотребно ве мамат. Ако сакате да бидете сигурни дека нема да јадете нездрава храна, најдобро решение е воопшто да ја немате дома.