Направете генералка на крвните жили и на цревата!

Барем еднаш во шест месеци, односно, два пати годишно, направете чистење на организмот затоа што натрупаните токсини можат да доведат до различни болести. Не ви треба ништо освен чаша кефир и 1 лажица брашно од хељда

0
2046

Честите настинки, инфекции, замор, поспаност, деконцентрација – сето тоа е доказ за присутноста на токсините во организмот, малигни бактерии и други, не помалку штетни материи.

Еве еден делотворен природен лек на руската народна медицина на база на кефир и хељдино брашно.

Знаеме веќе дека е кефирот „еликсир на младост и здравје“, а брашното од хељда поседува исклучителни лековити својства: го јакне организмот, ги подмладува крвните жили, го отстранува заморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете, го зголемува лачењето на урина.

Одлично е за помнење и концентрација, особено за повозрасните лица. Го снижува притисокот, лекува артериосклероза и опстипација.

Во комбинација со кефирот, го намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните жили, го нормализира метаболизмот и работата на панкреасот, го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Еве што ви е потребно за ова чудесно народно средство за чистење на организмот:

1 лажица брашно од хељда

180 мл кефир

По желба малку мед

Приготвување:

Брашното прелијте го со кефир и добро измешајте. Направете го ова навечер и оставете го во фрижидер.

Наутро, измешајте го уште еднаш и изедете го. Најдобро е оваа смеса да ја земете наместо појадок.

По желба заблажете ја со малку мед. После ова не јадете ништо 3 часа. Курата на чистење нека трае 14 дена.