Кељот спаѓа меѓу најздравите намирници на светот. Спаѓа во групата зелјести растенија и е една од најсилните антиканцерогени билки за која се верува дека го намалува ризикот од рак на дојка, бешика, дебело црево, јајници и простата. Исто така, кељот ја поттикнува природната детоксикација на организмот и е многу богат со антиоксиданси. Наспроти сите бенефити, кељот сигурно не го користиме толку колку што би требало. Еве неколку одлични предлози како сѐ можете да го користите кељот.
Чипс од кељ. Ова е навистина одлична замена за оние нездрави купечки чипсови кои често знаеме да ги јадеме кога ќе почувствуваме глад.
Леб од кељ и фета сирење. Од оваа вкусна билка можете да направите и леб како одлично предјадење.
Состојки:
2 шолји исечкани листови кељ
½ шолја свеж магдонос
¼ шолја свежо нане
¼ шолја свеж копар
150 грама здробено фета сирење
Шолја кисело млеко
½ шолја маслиново масло
2 јајца
Пармезан
Приготвување:
Вклучете ја рерната на 180C. Намачкајте го правоаголниот калап за леб со масло или путер или ставете хартија за печење.
Во поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта, црниот пипер, кељот, исечканите свежи билки и фета сирењето.
Во друг сад измешајте ги јајцата, јогуртот и маслиновото масло и додадете ги течните во сувите состојки.
Добиеното тесто добро измешајте го, па ставете го во калапот и речете околу 45 минути.
Оставете го лебот да се олади пет минути во калапот пред да го извадите. Послужете го поросен со пармезан.
Зелено смути. Без проблем можете да го додадете кељот во вашето утринско смути, кое е особено добро за детоксикација од алкохол и мрсна храна.
Вариво од кељ, колбаси и бел грав. Ова е вистински зимски оброк кој ќе ве окрепне и ќе ви ги даде потребните нутриенти.
Состојки:
450 г бел грав
8-9 шолји вода
Морска сол и црн пипер
3 лажици маслиново масло
2 средни главици црвен кромид
½ шолја исечкано стебленце од целер
½ шолја исечкани моркови
3 чешниња лук
Сува мајчина душица
Свежи домати, излупени и исечкани
кељ
450 г колбаси
Приготвување:
Во тенџере загрејте го маслиновото масло, ставете го исечканиот кромид и кратко динстајте, додадете ги целерот, моровите и лукот, посолете, додадете ја мајчината душица, добро измешајте и динстајте 5-7 минути. Додадете ги доматите и оставете да зоврие, па додадете ја водата, колбасите кои претходно малку ќе ги запржите во тавче, кељот кој претходно малку сте го обариле во врела вода и сте го исечкале на парчиња и белиот грав од конзерва. Поклопете и оставете да се вари сѐ заедно од 10 до15 минути..