Грицкајте грашок

Има нешто за грицкање? Да, има грашок

0
641

Наместо нездрави чипсови, соленки и други намирници по кои посегаме помеѓу оброците, овојпат пробајте нешто сосема поинакво.

Иако она што грицкаме помеѓу оброците обично изобилува со масти, сол и калории, постојат некои домашни варијанти за здрави грицки кои се нивна целосна спротивност. А згора на тоа – не се ништо помалку вкусни.

Состојки:

2 шолји замрзнат грашок

1 лажица масло

Сол

Црвен мелен пипер (но слободно можете да ставите и некои други зачини како рузмарин, ким, чили, кари, лук или нешто друго)

Приготвување:

Одмрзнете го грашокот, па ставете го на кујнска крпа добро да се исуши.

Зачинете го, додадете масло и доро измешајте го.

Ставете го грашокот врз хартија за печење во тепсија (во еден слој) и печете околу 30-40 минути на 180 степени со повремено мешање.

Кога е печен, грашокот треба да биде крцкав.