Крем супа од брокула

Можете да уживате во овие вкусови кога сте на диета, кога постите, но и кога сте само гладни

0
873

Состојки:

Брокула

1 компир

1 морков

1 мала главица црвен кромид

Сол, црн пипер

Приготвување:

Во зовриена и посолена вода ставете да се варат компирот, морковот, кромидот и брокулата. Се разбира, на брокулата ѝ се доволни само 5 минути, а потоа извадете ја во чинија да се лади додека не се сварат и останатите намирници.

Потоа се ставете во блендер, зачинете по желба и послужете со павлака или со лимон, топла или ладна.

Забелешка: Овојпат беше премногу густа, па ви советуваме да додадете повеќе од водата во која се вареше зеленчукот.