Гускина маст, како лек и како деликатес

Гускината маст со векови се користи во народната медицина како лек против бронхитис, хронична кашлица и други болести на дишните патишта.

0
2533

Гускината маст е ефикасна кај честите опструкции и кога е потребно да се искашла секретот од белите дробови.

Кај нас се наоѓа поретко, но може да се најде на пазар или во некое селско домаќинство.

Гускината маст може да се користи како лек на два начини:

1.Како облог, така што ќе го намачкате градниот кош, ќе прикриете со газа или со памучна крпа и ќе оставите да делува. Најдобро е облогот да се става три пати на ден и да се мирува барем 1 час по ставањето.
2.Како додаток во млекото

Едно кафено лажиче за деца, односно, 1 супена лажица за возрасни, помешајте со топло млеко. За подобар вкус, додадете и иста количина мед во гускината маст, па потоа ставете ги во млекото. Најдобар ефект се постигнува кога напитокот се пие 2-3 пати дневно со минимално ратсојание од 4-5 часа.

Се разбира, гускина маст можете да консумирате и намачкана врз препечено лепче и да уживате како и во секој друг деликатес.