Научната студија спроведена во Франција над 105 илјади луѓе ја утврдила врската помеѓу консумирањето на индустриски преработената храна и готовите јадења со ризикот од рак.
Со студијата спроведена во периодот од 2009.до 2017.година, утврдила дека преработената храна содри повее ммаснотии, заситени масти, шеќери и сол, а помалку влакна и витамини.
„Според нашите сознанија, тоа е пва научна студија која се занимава со врската помеѓу консумирањето на индустриски преработената храна и ракот“, се наведува во истражувањето објавено во британското медицинско списание BMJ (British Medical Journal).
Научниците заклучиле дека консумирањето на таква храна е поврзано со зголемен ризик од добивање на рак за 6 до 18 отсто и на рак на дојка од 2 до 22 отсто.
Под „ризична“ храна се подразбираат лебот, слатките, житарките, безалкохолните пијалоци, месните преработки, како што се шунката или медалјоните од мелено месо, тестенини, инстант супи и замрзнати готови оброци.
Во студијата се додава дека се неопходни уште истраувања за да се утврдат точните ризици за здравјето.