Ако мислите дека е вистински момент да почнете со диета или едноставно сакате да се прочистите и да си го забрзате метаболизмот, еве едноставен рецепт за напиток кој ќе ви помогне во тоа.
Важно е само да го направите според упатството и да го пиете редовно. Има одлични резултати ако се консумира континутирано 30 дена.
Состојки:
Шолја сок од домати
¼ шолја сок од лимони
1 лажичка рендан ѓумбир
1 луто пиперче (или пола лажичка црн пипер)
Две стебленца целер (средна величина)
Приготвување:
Помешајте ги сокот од домати, сокот од лимон, ѓумбирот и мееното луто пиперче или црниот пипер. Ќе добиете 220 мл напиток.
Послужете го во стаклени чаши и додадете ги во напитокот стебленцата целер.
Секој ден помеѓу оброците подгответе вкупно 3 чаши од овој напиток, а ако сакате да подготвите наеднаш поголема количина, чувајте го напитокот во фрижидер.