Состојки:
5 јајца
100 г кафеав шеќер
200 г црно чоколадо
100 г какао
3-4 урми
150 г интегрално брашно
200 г путер
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
цимет, морско оревче
100 мл црно вино
По желба можете да ставите и 200 г смрзнати вишни или некое суво овошје
Приготвување:
Стопете ги чоколадото, шеќерот и путерот во едно тенџерче, па оставете ги настрана да се подизладат.
Изматете ги јајцата па додадете ја изладената смеса, а потоа и брашното, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, сечкани урми, зачините, виното и суво овошје или вишни по желба.
Ставете ја смесата во подмачкана тепсија и печете на 180 степени најмногу 30 минути.