Како да го претворите карфиолот во поздрава верзија на бешамел  

0
259

Бешамелот е еден од оние сосови кои го обожаваме во многу варијанти, прво затоа што одлично се согласува со голем број јадења, а второ и затоа што едноставно се спрема.

Сепак, брашното и путерот не се најздрав спој. Токму затоа ви предлагаме рецепт за една поздрава алтернатива за која ќе ви требаат главица карфиол, малку путер, млеко, вода и зачини.

Кога ќе се свари и ќе се спои со останатите намирници, карфиолот ќе даде прекрасни и нежни вкусови, а потоа веќе можете да го комбинирате во омилените јадења.

Користете го наместо бешамел во лазањите, направете сос од карфиол, вратете го на шпоретот, додадете му пармезан, па помешајте го со тестенини.

Можете да го додадете и во рижото наместо путер, за да добие совршена кремозност или пак во спанаќ.

Состојки:

1 поголема главица карфиол

3 чешниња лук

2 лажици путер

5 шолји вода

Прстофат мајчина душица

Пола шолја млеко

Лажичка сол, црн пипер

Приготвување:

Исечкајте го лукот ситно, па ставете го во тава со растопен путер да омекне, но внимавајте да не загори.

Одвојте го карфиолот на цветчиња, ставете ги во вода и варете околу 10 минути.

Во блендер ставете ги карфиолот, додадете шолја вода, лук, мајчина душица, сол, црн пипер и млеко.

Мешајте во блендерот додека не ја добиете саканата густина на сосот. Ако е потребно додадете уште млеко и зачини.