Иако нашата читателка Викторија Симиќ ѝ го дала ова име, верувајте, далеку е од сува. Полна со мелени ореви и шеќер, оваа пита е вистинска енергетска бомба.
Шеќерот можете да го намалите на пола или да го замените со мед.
Состојки:
500 г готови кори
500 г мелени ореви
500 г шеќер (250 е сосема доволно)
2 дцл зејтин
Суво грозје по желба
Шеќер во прав по желба
Приготвување:
Се редат три кори една врз друга, а претходно, секоја се попрскува со зејтин. На третата кора се ставаат ореви, шеќер и суво грозје.
Постапката се повторува додека не се потрошат сите кори. Се виткаат во 5 ролати, се мачкаат со зејтин и се печат.
Кога ќе се испечат, се попрскуваат со вода и се оставаат да се изладат.
Се сечат на парчиња и по желба се валкаат во шеќер во прав.