Крофните обично се пржат во длабок зејтин, но ако сакате поздрава верзија. Пробајте ги овие крофни од рерна. Вкусот не е многу поинаков, а како и споменатите погоре, највкусни се кога се топли.
Важно е пред да почнете да ги правите сите состојки да бидат на собна температура, особено јајцата и млекото.
Состојки:
500 г брашно
20 г свеж квасец
100 мл зејтин
2 жолчки
200 мл топло млеко
60 г шеќер
1 ванилин шеќер
Кора од 1 лимон
Прстофат сол
Шеќер во прав
Мармалад или чоколадо за полнење.
Приготвување:
Прво треба да се подготви квасецот. Здробете една коцка квасец во 100 мл млеко и додадете лажица шеќер. Измешајте и оставете на топло млеко да се крене квасецот околу 10 минути.
Откако квасецот ќе се активира, можете да го замесите тестото.
Ставете во сад брашно и во вдлабнатината во средина ставете го квасецот. Додадете шеќер, ванилин шеќер, сол, кора од лимон, зејтин, остатокот од млекото и жолчките.
Измесете го тестото и оставете го на топло околу 1 час да стаса.
Кога ќе стаса, поделете го на повеќе делови и обликувајте мали кругови. Ставете ги на тепсија обложена со хартија за печење.
Крофните може да ги полните такашто со шприц за полнење ќе ставите од филот низ пресекот што ќе го направите на врвот или на средината од крофната.
Наполнетите крофни оставете ги на топло половина час. Пред печење намачкајте ги со малку жолчка.
Загрејте ја крофната на 180°C и печете ги околу пола час.
Кога се крофните убаво печени, поросете ги со шеќер во прав. Се разбира, крофните можат да бидат и без полнење, само поросени со шеќер во прав.