Зимска салата со кељ, брусници и морков

Ладните зимски денови зачинете ги со прекрасна салата која во исто време ќе ве најаде и ќе ви ја обезбеди потребната доза на витамини

0
514

Оваа едноставна, но богата зимска салата можете дополнително да ја збогатите со додавање на омилените житарки или зачини. Комбинацијата одлично оди со киноа и со интегрален ориз. Додадете и малку чили, добро измешајте па послужете.

Состојки:

2 лажици оцет или сок од лимон
1 мала лажичка сол
Пола лажичка црн пипер
4 лажици маслиново масло
1 главица кељ
1 морков
1 кромид
1 рака ореви
1 рака суви брусници

Приготвување:

Помешајте ги солта, црниот пипер, сокот од лимон или оцетот и маслото.
Кељот накусо избланширајте го па стацете го во сад за салата и додадете исечкан или рендан морков, кромид, брусници и ореви и сѐ добро измешајте.