Состојки:
500-600 г брашно
2 јајца
кисела вода
млеко
1 лажичка сол
зејтин
1-2 главици лук
ореви
вода
Приготвување:
Направете тесто за палачинки и испржете ги на вообичаениот начин.
Лукот излупете го и истолчете го заедно со 1 лажичка сол и 3-4 лажици зејтин и направете паста.
Во тенџере зовријте две чаши вода и додадете ја во пастата од лук. Измешајте и додека е уште жешка преливајте врз секој ред палачинки што е го наредите во тепсијата. Помеѓу секој ред поросувајте и сечкани ореви. Ако ви остане од смесата со лук истурете ја врз палачинките и завршете со сечкани оревчиња.
Послужете со кисело млеко, навечер. До сабајле, веројатно миризбата од лукот ќе изветрее.