Вкусен оброк кој лекува

0
1958

Др.Хенри Билер е американски визионер, лекар и автор на книгата „Храната е најдобриот лек“ во која наведува методи за лекување на болести со исхрана. Тој верува дека телото има способност да се излекува самото.

Неговата славна супа е богата со калиум и позната е како оброк кој има способност да го алкализира телото и да ги стимулира црниот дроб и надбубрежната жлезда. Исто така, му помага на панкреасот да го контролира нивото на шеќер во крвта.

Додавајќи топен путер, исто така ќе добиете бројни дополнителни лековити својства.

Намалување на воспаленијата, подмачкување на поврзувачките ткива, јакнење на имунитетот се некои од нив, а се верува дека ја подобрува меморијата и помага за развивање на интелигенцијата.

Оваа супа е најдобар начин за детоксикација на телото и добар начин да го започнете денот или пак да ја изедете за ручек.

Состојки:

4 тиквички со средна големина
3 шолји боранија
2 стебленца целер
2 китки магдонос
250 мл филтрирана вода
Морска сол по вкус
Малку растопен путер.

Приготвување:

Ставете ги во тенџере со вода исечканите тиквички, боранијата и целерот. Почекакте водата да зоврие, намалете ја температурата и оставете да се вари 30 минути, додека зеленчукот не омекне, но внимавајте да не се превари.
Ставете ја мешавината во блендер и додадете една рака магдонос и вода и измешајте. Додадете малку путер во секоја чинија.
Совет: Наместо боранија можете да додадете повеќе тиквички и обратно.