Вегетаријанците се помалку здрави и имаат понизок квалитет на живот отколку месојадите?!

Контроверзната студија сугерира дека оние кои не јадат месо се изложени на поголем ризик од физички и ментални болести, и покрај тоа што водат поздрав живот.

0
1172

Вегетаријанците се помалку здрави од месојадите и покрај тоа што пијат помалку, пушат помалку и се физички поактивни од месојадните луѓе, е заклучокот од контроверзната студија спроведена од Медицинскиот универзитет во Грац, Австрија.

Истражувањето покажало дека вегетаријанската исхрана, која се карактеризира со ниска потрошувачка на заситени масти и холестерол, поради зголемениот внес на овошје, зеленчук и производи од цели зрна, се чини дека носат зголемени ризици од рак, алергии и проблеми со менталното здравје, како што се депресија и анксиозност.

Студијата користела податоци од австриското здравствено истражување на навиките во исхраната и разликите во начинот на живеење меѓу месојадите и вегетаријанците.

Биле споредувани 1320 субјекти класифицирани според нивната возраст, пол и социоекономски статус, а во истражувањето биле вклучени 330 вегетаријанци, 330 месојадци кои јаделе месо, но консумирале и многу овошје и зеленчук, 300 со нормален начин на исхрана, но јаделе помалку и 330 кои билое ставени на исхрана со повеќе месо.

Било утврдено дека вегетаријанците консумираат помалку алкохол и имаат понизок индекс на телесна маса, но сепак биле со послаба состојба на физичкото и менталното здравје.

Учесниците кои јаделе помалку месо, а истовремено имале полоши здравствени навики, како што се избегнување на превентивни прегледи и мерки, како вакцините, откриле авторите.

Нивниот заклучок гласи: „Нашата студија покажа дека возрасните кои практикуваат вегетаријанска исхрана се помалку здрави (а притоа се мисли на рак, алергии и нарушувања во менталното здравје), имаат понизок квалитет на живот и исто така бараат повеќе медицински третмани“.

Авторите на студијата веќе застанале во одбрана на истражувањето, а против тврдењата дека нивната работа е едноставно реклама за месната индустрија.

Координаторот на студијата и епидемиологот Натали Буркерт за The Austrian Times изјавила: „Ние веќе се дистанциравме од ова тврдење, бидејќи тоа е неточна интерпретација на нашите податоци.

Ние откривме дека вегетаријанците страдаат повеќе од одредени состојби како што се астма, рак и ментални болести отколку луѓето кои јадат месо, но не можеме да кажеме која е причината и што е ефектот. Мора да постои уште една студија пред ова прашање да биде одговорено“.