Руски пецива со кашкавал и компири

Руските деца го помнат детството по мирисот на пецивата кои мајките и бабите им ги подготвуваа во слатка или солена варијанта.

0
590

Состојки:
За тестото:

630 г брашно
3 лажички сув квасец
200 г путер
3 јајца
1/2 шолја (од 250 ml) шеќер
1 и 1/2 лажичка сол
250 мл топло млеко

За филот:

5 компири
1 шолјичка топло млеко
прстофат сол
кромид
лажица маслиново масло
2-3 лажици кисела павлака
Рендан кашкавал
1 јајце
1 лажичка вода
3 лажици путер за премачкување

Приготвување:

1. Помешајте ги топлото млеко, квасецот, лажица брашно и лажица шеќер. Покријте и оставете на топло околу 20 минути.
2. Помешајте ги брашното, шеќерот и солта па додадете ги ја смесата со квасецот, јајцата и стопениот путер, па замесете тесто. Покријте го и оставете го да се крева околу 1 час.
3. Излупете ги компирите, сварете ги во солена вода, а кромидот издинстајте го. Згмечете ги компирите, додадете му млеко, динстаниот кромид и зачинете.
4. Намрсете ја хартијата за печење и ставете ја во тепсија, па одвојувајте топчиња од тестото во големина на тениско топче. Повторувајте ја постапката додека не останете без тесто, а помеѓу оставајте растојание од околу 2,5 цм.
5. Секое топче сплескајте го со чаша за да добиете место за смесата од компири. Ставајте по една лажица од смесата во секое топче па додадете малку рендан кашкавал и павлака.
6. Покријте со влажна крпа и оставете ги околу 15 минути.Загрејте ја рерната на 190 °C.
7. Премачкајте го тестото со јајце и печете околу 20 минути. Извадете ги и премачкајте ги со растопен путер.