Утре (1 февруари) е се одржи презентација на првиот ArtofLiving центар за – здрава исхрана, Ајурведа, Јога и медитација, со локација на булевар „Климент Охридски” бр. 48, во Скопје.
Презентацијата ќе почне во 19:00 часот.
Центарот за здрав живот е пријатно уредено, пространо, мирно и топло катче. Во Био катчето ќе има се што е потребно за вашето здравје и добрата енергија, додека пак во катчето за ајурведа и здрави навики, постојано ќе може да се консултирате со соодветно лице – Ајурведски доктор за пулсова дијагностика.
Исто така, ќе можете да присуствувате на анти-стрес програмите и медитативните часови за време на викендите.
Во центарот ќе можете да се запознаете и со Јогата и да ја одберете онаа која најмногу ви одговара во термин кој најмногу ќе ви одговара. Часовите се наменети за сите возрасти, а истите ќе бидат водени од стручно, обучени учители.
„Постојано „трчаме“ за да стасаме некаде без оглед на тоа како се чувствуваме и без оглед на знаците и состојбата кои телото ни ги сигнализира.
Токму затоа секој од нас има потреба за свое катче кадешто ќе може да ги „наполни батериите“ за новиот ден.
Во денешно време, #ФораЕДаСиЗдрав“, велатод Првиот Центар за Ајурведа, Јога, Медитација и здрави навики.