Состојки:
За тестото:
225 г брашно
Прстофат сол
125 г ладен путер
1 лажица ладна вода (по потреба)
1 јајце
За филот:
1 пакување замрзнат зеленчук
4 јајца
Сирење и сланина по желба
Приготвување:
Прво направете го тестото такашто ќе го ставите во еден сад брашното, па ќе ги додадете ладниот путер исечен на парченца, малку сол и изматено јајце и сѐ соединете. По потреба додадете лажица вода и замесете тесто.
Завиткајте го тетсото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер најмалку на половина час. Потоа извадете го и развлечете го во големина на калапот подмачкан со малку путер и поросен со брашно па притиснете го во калапот и ставете го во фрижидер уште пола час.
Измешајте ги јајцата со малку сирење и сланина исечкана на коцки па додадете го зеленчукот и прелијте се врз подготвеното тесто.
Печете околу 45 минути на 200 степени.