Иако термосот се употребува најчесто за кафе или чај, во него можете да ставите и други нешта, па дури и оброци за појадок, ручек па и за десерт.
Ако знаете дека ќе го минете цел ден надвор од дома, тогаш задолжително однапред пригответе си топло јадење, спакувајте го во термос и уживајте.
Еве што сѐ можете да ставите во термосот.
Овесна каша со цимет и јаболка.
Ако немате време за топол појадок дома, подгответе си го однапред и спакувајте го во термос па појадувајте кога ќе најдете време. Можете да купите и инстант овесна каша, едноставно ставете ја содржината во термос, додадете малку врела вода, измешајте и појадокот е готов.
Крем супа
Ако сте подготвиле ден претходно крем супа за ручек, наутро пред да тргнете на работа загрејте ја и ставете ја во термос па ќе имате совршено вкусен и топол ручек без мака. Може да ви послужат и мали крем супи од кеса.
Богат месен гулаш
На поситни парченца исечкајте го месото од гулашот што ви останал од вчерашниот ручек, добро загрејте го и спакувајте го во термос. Купете си патем и парче леб и имате готов и топол ручек.
Топло чоколадо
Малку работи можат да не загреат и заблажат толку добро како шолја топло чоколадо. Подгответе си чоколадо по вашиот омилен рецепт, спакувајте го во термос и пијте го во текот на денот за да си го поправите расположението и да се згреете.
Сутлијаш
Уште едно слатко јадење кое можете бењз проблем да го спакувате во термос и да го земете со себе. Важно е да направите малку поредок сутлијаш од обично.