Храната мора да биде замрзната во моментот кога е најсвежа. Водете сметка дека некои намирници не се замрзнуваат добро, како што се свежите јајца и компирот.
Не заборавајте дека течноста се шири на ниски температури, па е важно да оставите доволно простор во замрзнувачот кога замрзнувате течни намирници.
Најважно е да внимавате колку долго одредени намирници стојат во фрижидерот пред да го изгубат вкусот или пред да станат нејадливи.
Кога станува збор за леб и за десерти, можат да се користат два до три месеци по замрзнувањето. Од друга страна. Непечениот леб може да стои во замрзнувач само еден месец.
Палачинките не би требало да ги чувате во замрзнувач подолго од 3 месеци.
Кога станува збор за месото, јагнешкото може да се чува најдолго 9 месеци. Цела кокошка или мисирка можат да се чуваат замрзнати 1 година, но исечени парчиња во замрзнувач можат да стојат до 9 месеци.
Меленото месо смее да стои смао 4 месеци, а истото важи и за изнутрици. Сирови хамбургери можат да стојат 4 месеци. Прженото пилешко и мисиркино можат да бидат безбедни за јадење и после 4 месеци.
Морската храна може да биде многу проблематична ако не е добро замрзната. Тенките филети од риба можат да стојат шест месеци, додека мрсната риба може да биде замрзната само три месеци. Варената риба смее да се чува два месеци.
Млечни производи и јајца можат да стојат девет месеци во замрзнувач, млекото најмногу шест месеци, а маргаринот до една година.
Супите со месо би требало да се чуваат најдолго 3 месеци, а истото важи и за супите со зеленчук и гулаш.
Цитрусното овошје во замрзнувач може да помине најмногу 3 месеци, додека останатото овошје може да стои до 9 месеци. Јаткастото овошје може да биде замрзнато 3 месеци, а зеленчукот може да стои во замрзнувач до 12 месеци.